Prijavi problem

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа 18-то Литературно матине за деца

Објавено на: 22.04.2017 - 11:39

Во Домот на култура „Илинден“, во рамките на 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“, се одржа традиционалното Литературно матине за деца, на кое учениците од трите основни училишта во Општина Илинден имаа ретка можност во исто време да се дружат со повеќемина реномирани македонски писатели за деца и млади.

Учениците со внимание ги следеа настапите на нивните омилени писатели Александар Поповски, Перо Миленковски, Горјан Петревски, Наум Попески, Ксенија Маказиева Трајчева, Христо Петрески, Соња Гиздавиќ и Александар Кујунџиски кои се претставија со своите најнови песни, за што беа наградени со бурни аплаузи.

Како и во изминатите години и на ова Литературно матине жири комисија составена од писатели за деца и млади, ги избра најдобрите творби на учениците кои што учествуваа на конкурсот што го организираше Општина Илинден. Според зборовите на претседателот на жирито Перо Миленковски, навистина било тешко да се одлучат за најдобрите три детски творби од секое основно училиште, зашто, како што рече тој, речиси сите пристигнати песни биле за награда или пофалба.

Авторите на најдобрите песни од секое училиште беа наградени со посебни признанија што им ги додели градоначалникот, Жика Стојановски, а признанија добија и наставниците-ментори на наградените ученици.

Писателите и претставници на Општината пред почетокот на Литературното матине го посетија гробот на поетот Драган Крушкаровски, во чија чест пред 18-ет години почна да се одржува Литературната манифестација „Илинден“, при што положија свежо цвеќе, а пригодна реч одржа писателот Горјан Петревски.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013