Prijavi problem

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложба на уметници од Општина Илинден

Објавено на: 28.12.2016 - 10:57

По повод Новогодишните и Божикните празници, во организација на Општина Илинден, во галеријата на Домот на култура „Илинден”, отворена е изложба на дела на уметниците од Општина Илинден.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кој го истакна своето задоволство што присуствува на овој настан кој е одлична можност за промоција и пред се афирмација на младите уметници од Општина Илинден.

Пред мниогубројните љубители на уметноста во Домот на култура „Илинден“, за значењето на изложбата која треба да прерасне во традиција, зборуваше академскиот сликар Новица Трајковски

На оваа прва и оригинална изложба од ваков вид на која учествуваат исклучиво уметници од Општина Илинден, без оглед на тоа дали професионално или, аматерски се занимаваат со уметност, љубителите на уметноста можат да видат 45 уметнички дела на 11 автори од областа на сликарството, скулптурата и копаничарството.

Со свои дела на изложбата се претставија Зоран Трпевски, Баже Донев, Новица Трајковски, Сара Трајковска, Катерина Трајковска, Ненад Божиновски и Славе Кочовски, сите од населба Илинден, како и Аце Ѓорѓиевски од н.м. Мралино, Снежана Колевска од н.м. Кадино, Бобан Стефковски од н.м. Ајватовци и Марјан Ристовски од н.м. Марино.

Целта на одржувањето на една ваква манифестација, според организаторот е анимирање на сите оние што се занимаваат, но и на оние што сакаат да се занимаваат со уметност, со што би се дало значаен придонес во развојот на културата во Општина Илинден.

Желба на организаторот е со постојано зголемување на бројот на учесниците, изложбата да стане традиција во промовирањето на современите културни достигнувања, по примерот на Литературната манифестација „Илинден“ по која Општина Илинден стана препознатлива во земјата и во регионот.

Општина Илинден посветува особено големо внимание во зачувувањето и негувањето на традицијата и традиционалните вредности и развојот на културното живеење во Општината.

Изложбата ќе биде отворена до средината на месец јануари, 2017 година.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013