Prijavi problem

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложба на слики од ликовната колонија во Радовиш

Објавено на: 14.11.2017 - 14:40

Во присуство на голем број љубители на уметноста, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, во Домот на култура „Илинден“, отворена е ликовна изложба на слики од втората Меѓународната ликовна колонија во Радовиш, „Свети Георгиј”.

Со пригодни зборови за изложбата на присутните им се обратија академскиот сликар Новица Трајковски и претседателот на Здружението на ликовните уметници на Радовиш, Душко Коцев.

На изложбата се претставени над 40 слики од 18 автори од земјата и од странство, создадени за време на годинешната ликовна колонија што се одржа во манстирскиот комплекс „Свети Георгиј“ во Ораовица, Радовиш. Посетителите на изложбата имааат можност да видат повеќе дела од домашните автори Крсте Тарабунов, Душко Коцев, Томе Даневски, Зоран Коцев, Блажо Јованов, Славе Јованов, Новица Трајковски, Андријана Мациев, Тони Чатлевски, Цветанка Јовановска фермес, Мирјана Крстева Масстти, Ѓоко Антониев, Роберт Цветковски и Петра Јовановска, како и гостите Орхан Чебраулоглу од Турција, Тодор Јовановски од Србија, Петар Бељашки од Бугарија и Елена Березина од Русија.

Претседателот на Здружението на ликовните уметници на Радовиш, Душко Коцев го искористи отворањето на изложбата, во име на  Меѓународната ликовна колонија во Радовиш „Свети Георгиј”, на градоначалникот Жика Стојановски за неговиот особен придонес во развојот на културата да му  подари сребрена монета со ликот на Света Богородица и ликот на манастирскиот комплекс „Свети Георгиј”.

Изложбата се реализира во организација на Општина Илинден и Домот на култура „Ацо Караманов” oд Радовиш и ќе биде отворена до 30 ноември.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013