Prijavi problem

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложба на слики од ликовната колонија во Радовиш

Објавено на: 29.11.2016 - 14:10

Во Домот на култура „Илинден“ во присуство на голем број љубители на уметноста, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, отворена е ликовна изложба на слики од првата Меѓународната ликовна колонија во Радовиш, „Свети Георгиј”.

За значењето на изложбата пред присутните зборуваа академскиот сликар Новица Трајковски и претседателот на Здружението на ликовните уметници на Радовиш, Душко Коцев.

На изложбата се претставени 50-на дела на повеќе реномирани сликари, учесници на ликовната колонија во Радовиш, меѓу кои Ставре Димитров, Доне Милјановски, Запро Запров, Максим Димитров, Душан Коцев, Крсте Тарабунов, Владимир Темков, Зоран Коцев, Наташа Пецева, Ефтим Ристовски, Новица Трајковски, како и уметниците од странство Петар Белјашки од Бугарија, Снежана Мелник од Украина, Алиса Јакови од Естонија, Гордана Винчиќ од Србија и Намдакжакчивин Летиф, почесен конзул на Монголија во нашата земја.

Изложбата што ќе биде отворена до 20 декември се реализира во организација на Општина Илинден и Домот на култура „Ацо Караманов” oд Радовиш.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013