Prijavi problem

Успешно се реализираше меѓународната професионална велосипедска трка „Трофеј Илинден 2014“

Објавено на: 28.07.2014 - 15:35

z

Во организација на Општина Илинден и со поддршка од  Велосипедската федерација на Македонија, а во рамките на Спортскиот викенд што се реализира по повод Денот на Општината „Илинден 2-ри Август“ се одржа традиционалната професионална велоспедска трка „Трофеј Илинден 2014“, во должина од 100 километри..

Оваа трка која што има меѓународен карактер, годинава учествуваа десеттина велосипедисти од Бугарија и од Србија е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја.

Во трката чиј старт и цел беше пред Спортската сала „Гоце Делчев“, а се возеше низ населените места на Општина Илинден учествуваа над 60-на велосипедисти кои што се натпреваруваа во повеќе категории, мастерс, кадети, јуниори, жени и елит - „Трофеј Илинден 2014“ трка од 100 км.

Најбрз на целта во велосипедската трка „Трофеј Илинден 2014“ беше Стеван Петровски од велосипедскиот клуб „Вело М“ од Куманово кој трасата од 100 км ја извозе за 2 часа 39 минути и 31 секунди. Веднаш зад него беше Јован Рајковиќ од Ниш, а на третото место се пласираше Ивица Давидовски, исто така од Куманово.

Поројниот дожд не им пречеше на велосипедистите да ја извозат предвидената траса, дури и со време подобро отколку во минатата година. Од година во година „Трофеј Илинден“ станува не само помасовен туку, добива и на квалитет со учеството на велосипедисти од повеќе земји.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013