Prijavi problem

Успешно реализирана акцијата „Македонија без отпад 2015“ на подрачјето на Општина Илинден

Објавено на: 03.10.2015 - 15:40

Општина Илинден годинава по четврти пат беше дел од големата еколошка акција „Македонија без отпад“, која што во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ се реализира на територијата на целата држава.

Како дел од акцијата, во која покрај граѓаните на Општина Илинден се вклучија и вработените во општинската администрација и јавните претпријатија се изврши расчистување на отпадот на локалниот пат Кадино-Миладиновци.

И годинава во оваа еколошка акција со повеќе активности, како расчистување на училишните дворови и засадување на есенски цвеќиња, варосување на дрвјата, бојадисување на жардињерите за цвеќиња, работилници на тема екологија  се вклучија и  учениците од основните училишта, како и од средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Целта на овој проект е граѓаните и сите засегнати страни организирано да се вклучат во чистењето на околината, односно во чистењето на отпадот што се наоѓа на несоодветни места, како и да се подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

 

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013