Prijavi problem

Успешно реализирана 11-та Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце-Симбол на Христовото Воскресение “

Објавено на: 13.04.2017 - 13:07

Во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, успешно се реализираше 11-та по ред традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”, при што се обезбедени 2.000 нови книги.

Во изминатите 11 години во оваа манифестација вкупно се подарени 32.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.

На оваa оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата, годинава учествуваа голем број на граѓани, издавачки куќи, преставници од бизнис секторот, научни институции и факултети, ученици кои со дарувањето книги помогнаа да се збогати библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден.

Во чест на Двеилјадииседумнаесеттото лето Господово, симболично беа украсени 2017 црвени Велигденски јајца, па секој посетител на манифестацијата што традиционално се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, што даруваше книга за возврат доби црвено Велигденско јајце.

Манифестацијата со своето учество ја збогатија повеќемина познати македонски писатели, со што продолжи успешната соработка на Општина Илинден со Друштвото на писателите на Македонија. Писателите ја посетија Општинската библиотека Илинден, во која поголемиот дел од книгите се обезбедени со оваа манифестација, како и паркот во дворот на Домот на култура „Галерија на отворено“.

Оние што не биле во можност, а имаат желба да учествуваат во манифестацијата, тоа можат да го направат во било кое време, бидејќи акцијата трае преку целата година.

Општина Илинден ја користи можноста да им искаже благодарност на сите досегашни учесници во манифестацијата, кои што подарија книги, на преставниците од бизнис заедницата, на издавачките куќи, на научните институции и факултети, на учениците и на големиот број граѓани, кои со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд, давајќи придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013