Prijavi problem

Учениците масовно ги посетуваат бесплатните курсеви што ги организира Општина Илинден

Објавено на: 04.03.2013 - 12:39

 

Градоначалникот Жика Стојановски викендов го посети Културно едукативниот центар „Илинден“, во рамките на кој веќе осма година по ред се реализира проектот Бесплатни курсеви по странски јазик (англиски, германски, италијански и шпански), курсеви по музика (гитара), курсеви по уметност (сликарство), модерен балет, народно оро, народно пеење, драма, јога и единствено во нашата земја курс за креативно пишување за учениците од четврто до деветто одделение од трите основни училишта  “Гоце Делчев“, “Ристо Крле“ и “Браќа Миладиновци“, што годишно ги посетуваат по околу 600 ученици.

Покрај средбата со предавачите на бесплатните курсеви тој присуствуваше и на еден час на бесплатниот курс по кинески јазик што стартуваше оваа учебна година и стана вистински хит, побудувајќи голем интерес кај учениците. Градоначалникот Стојановски се запозна со наставните единици што го изучуваат и имаше можност самиот да се запознае со она што го прави овој курс примамлив за најмладите. Учениците не го криеа задоволството што градоначалникот ги слушна нивните размислувања, но и виде како тие се снаоѓаат со пишувањето и говорот по кинески. 

Бесплатниот курс по кинески јазик го посетуваат 70 ученици, го држи професор Луси Трајковска која што потекнува од Кина, а веќе 20 години живее и работи во Македонија. 

Главната цел на овој проект на Општина Илинден е да се подигне квалитетот на образовниот процес и да се придонесе младата популација да се стекне со нови образовни и културни вредности. 

 

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013