Prijavi problem

Свечено испратена 10-та генерација дечиња од постоењето на градинката „Гоце Делчев“

Објавено на: 07.06.2019 - 12:28

Градинката „Гоце Делчев“ ја испрати 10-та генерација дечиња од постоењето на градинката. На прекрасно поставената сцена во дворот на градинката, пред поголем број на родители и гости, во приредба за незаборав, дечињата со песна и игра го одбележаа завршувањето на предучилишното образование.

Јубилејната 10-та завршна приредба беше посветена на основањето, растот и развојот на градинката, којашто од 64 дечиња колку што згрижуваше на своите почетоци во 2009 година, денес е една од најголемите градинки во земјата којашто згрижува 430 деца во групите Сонце, Цвет, Ѕвездички, Јаготка, Буба Мара, Пеперутка, Виножито, Крувче, Јаболче, Пчелка, Снегулка, Срничка, Виножито, Сончоглед, Детелинка и Кокиче.

Со своите воспитувачки и негувателки се поздравија 90 деца од групите Пеперутка,  Буба Мара,  Кокиче и Ѕвездички кои ги минуваат последните денови во градинката, а од септември ќе седнат во училишните клупи.

На малите дипломци-идни првоодделенци Општина Илинден им посакува многу здравје, среќа, радост и успех во школувањето.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013