Prijavi problem

Со завршна приредба испратена 9-та генерација дечиња од постоењето на градинката „Гоце Делчев“

Објавено на: 30.05.2018 - 12:30

Со прекрасна завршна приредба, пред голем број на родители и гости, меѓу кои и градоначалникот Жика Стојановски, што се одржа во дворот на градинката „Гоце Делчев“, дечињата од големите групи „Детелинка“, „Сончоглед“, „Јаболче“ и „Виножито“ го завршија предучилишното образование. Со песна и игра идните првоодделенци се поздравија со своите воспитувачки и негувателки. Со ова свечено беше испратена 9-та генерација дечиња од постоењето на градинката.

Тема на годинешната завршна приредба беа музичките хитови од детските омилени цртани филмови „Мадагаскар“, „Фроузен“, „Кралот Лав“, „Тролови“, како и детските емисии „Светот има 8 страни“, „Во светот на бајките“, „Дајте музика“ и „5+“. Со своите прекрасни изведби дечињата на присутните родители и гости им приредија вистинско пријатно изненадување, за што беа наградени со  бурни аплаузи.

Последни денови во градинката ги минуваат 102 дечиња кои од септември за прв пат ќе седнат во училишните клупи. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013