Prijavi problem

Со настап на Борис Трајанов отворена изложбата на академискиот сликар Новица Трајковски

Објавено на: 22.12.2014 - 10:07

Во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, пред поголем број љубители на уметноста, меѓу кои и градоначалникот Жика Стојановски, беше отворена изложбата на академскиот сликар Новица Трајковски. Овој прекрасен настан што ќе остане во долго сеќавање, со своето присуство и раскошен глас го збогати оперскиот пејач, маестро Борис Трајанов, како и протоѓаконот Ацо Цандевски.

Новица Трајковски кој потекнува, а и денес живее во Општина Илинден претставувајќи ја својата изложба не го криеше своето задоволство што покрај неговите дела на изложбата може да претстави и неколку дела на неговата ќерка  Катерина, млад и талентиран уметник, која со сигурност гази по стапките на својот веќе афирмиран татко.

-Мое најголемо изненадување е токму мојата ќерка, која донеодамна ги криеше своите дела од мене и се плашеше да ми ги покаже. Моментот кога ми дозволи да го погледнам нејзиното творештво е најубавиот момент за мене. Тогаш сфатив дека, таа, не само што добила крила туку, почнала и да лети, истакна Трајковски обраќајки им се на присутните.

Тој додаде дека на изложбата се претставени повеќе циклуси од неговото творештво, а последната слика ја завршил вечерта пред изложбата. 

Почесни гости на отворањето на изложбата беа оперскиот пеач Борис Трајанов и Ацо Цандевски, кои покрај честитиките и желбите за уште многу успешни и плодни години по повод изложбата, но и роденденот на уметникот Трајковски, и дадоа посебена светлост на целосната атмосфера со своите настапи. 

Протоѓаконот Цандевски во чест на својот пријател Трајковки отпеа три старомакедонски црковни песни, за, како што рече тој, да ставиме темјан, односно ја благословиме работата на Трајковски, кој во своите дела ги отсликува црквите и иконостасите.

Масетро Борис Трајанов, пак, заедно со пијанистот Љубе Анатасов, испеа сплет од три старомакедонски песни, образложувајќи пред публиката дека неговиот избор на песни се должи токму на Трајковки, кој според маестро Трајанов, својата инспирација ја црпи токму од македонкиот народ и македонската почва.

Делата на Трајковски ќе останат изложени во Домот на култура „Илинден“ во наредните триесет дена. Трајковски е роден на 21.12.1962 година во населбата Илинден, Општина Илинден, Скопје. Средно уметничко и ФЛУ завршува во Скопје во класата на професорот Родољуб Анастасов и Димитар Кондовски.

Новица Трајковски е познат по тоа што слика во циклуси и тематски серии, какви што се досега афирмираните циклуси „Меѓу сонот и јавето“, „Од очите на ангелот“, „Будење“, „Патници“, „Пат“, „Извор“ и „Љубов“. Во своето портфолио има над 40 самостојни изложби во Македонија и надвор од државата, а бил учесник и на голем број групни изложби и колонии.

Сликарството на Новица Трајковски е типична афтобиографска исповед на стварното во егзистенцијалниот пат на уметникот и затоа неговото сликарство е средба на реалноста и соништата кои уметникот ги доживеал. Поентата која е заедничка за неговиот речиси тридецениски опус е во тоа дека животот никогаш не е напуштен ниту како астрална врска, ниту како очовечена-индивидуална надсвест.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013