




Со најголем број учесници досега се одржаа натпреварите во атлетика
Објавено на: 22.07.2018 - 12:40
Кралицата на спортовите-атлетиката, и годинава беше еден од најинтересните настани на Спортскиот викенд „Илинден 2018“ што се реализира во рамките на одбележувањето на Денот на општина Илинден „Илинден 2-ри Август“. Во трките на 50, 150, 300, 500, 600, 800 и 1500 метри, годинава учествуваа над 300 ученици и младинци, со што ова беше еден од најмасовните натпревари во трчање досега во рамките на Спортскиот викенд. Најатрактивни, впрочем како и секоја година досега, беа трките на 50 метри, машки и женски, на кои настапија најмладите, дечињата од градинката „Гоце Делчев“. Публиката, која во голем број присуствуваше крај пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино каде што во одлични услови се одржуваа трките, максимално ги бодреше натпреварувачите кои ги вложуваа последните атоми сила први да стигнат до целта. На најдобрите тројца во секоја дисциплина покровителот на манифестацијата, градоначалникот Жика Стојановски им додели медали. ПЛАСМАН Трчање на 50 м /женски / градинка
Трчање на 50 м / машки / градинка
Трчање на 150 м /женски / 1 – 3 oдд
Трчање на 150 м /машки/ 1 – 3 oдд
Трчање на 300 м /женски/ 4 – 5 oдд
Трчање на 300 м /машки/ 4 – 5 oдд
Трчање на 500 м /женски/ 6 – 7 oдд
Трчање на 600 м /машки / 6 – 7 oдд
Трчање на 600 м /женски/ 8 – 9 oдд
Трчање на 800 м /машки/ 8 – 9 oдд
Трчање на 800 м /женски/ I – IV СОСУ
Трчање на 1500 м /машки/ I – IV СОСУ
|
LanguagesпребарувањеТеми во фокусот на вниманието
НастаниИзвестувања
ГалерииВидео
Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
|