Prijavi problem

Со цвеќе пред споменикот на Васил Аџаларски одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Објавено на: 23.10.2013 - 12:08

По повод одбележување на Денот на македонската револуционерна борба, делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Жика Стојановски положи свежо цвеќе пред бистата на Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци. На одбележувањето беа поблиските роднини и познајници на семејството Аџаларски, голем број на граѓани, пратеници, здруженија на граѓани,.

Со положувањето на свежо цвеќе и спомнувањето на големите дела од поблиското историско минато, се оддаде почит на значајните македонски револуционери.

Аџаларски е роден во село Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година на територијата на денешната Општина Илнден, а загинува 1909 година. Тој пред и по Илинденското востание предводел поголема комитска дружина, а во неговата чета имало повеќе комити од околните места на денешната Општина.

Годинешното одбележување на празникот се поврзува со два значајни јубилеја, годинава се одбележуваат 120 години од основањето на Македонската револуционерна организација и 110 години од Илинденското востание.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013