Prijavi problem

Со 9-та Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“ обезбедени 2.000 нови книги

Објавено на: 09.04.2015 - 16:02

 

Општина Илинден, во Домот на култура „Илинден“, успешно ја реализираше 9-та по ред традиционална манифестацијата ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”, при што се обезбедени 2.000 нови книги за Општинската библиотека Илинден.

На оваa оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата, годинава учествуваа голем број на граѓани, издавачки куќи, преставници од бизнис секторот, научни институции и факултети, ученици кои со дарувањето книги помогнаа да се збогати библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден.

Секој посетител на манифестацијата што традиционално се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, што даруваше книга за возврат доби црвено Велигденско јајце. Во чест на Двеилјадиипетнаесеттото лето Господово, симболично беа украсени 2015 црвени Велигденски јајца.

Со свое присуство манифестацијата ја збогатија повеќемина познати македонски писатели, со што продолжи досегашната успешна соработка на Општина Илинден со Друштвото на писателите на Македонија

Општина Илинден им се заблагодарува на сите досегашни учесници во

„Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“, кои што подарија книги, на преставниците од бизнис секторот, на повеќе издавачки куќи, научни институции и факултети, на учениците, како и на големиот број граѓани, кои со дарувањето книги го збогатија библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден, давајќи голем придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката.

Досега, во изминатите 9 години во манифестацијата ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение” собрани се вкупно 26.000 книги. Сите оние што сакаа, а не беа во можност да учествуваат во манифестацијата тоа можат да го сторат во било кое време, со оглед на тоа што акцијата трае преку целата година. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013