Prijavi problem

Се одржа традиционалното 19-то Литературно матине за деца

Објавено на: 19.05.2018 - 10:52

Како дел од 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“, во домот на култура „Илинден“, се одржа традиционалното Литературно матине за деца, на кое најмладите поклоници на пишаниот збор од основните училишта во Општина Илинден имаа несекојдневна можност во исто време да се дружат со повеќемина познати македонски писатели за деца и млади.

Учениците во преполната сала на домот на култура „Илинден“, со внимание и восхит ги следеа настапите на нивните омилени писатели Стојан Тарапуза, Александар Поповски, Перо Миленковски, Киро Донев, Наум Попески, Мито Спасевски, Славка Арсова, Ванчо Полазаревски, Васко Мукаетов, Ксенија Маказиева Трајчева, Христо Петрески и Александар Кујунџиски кои се претставија со своите најнови творби.

Традиционално и на ова Литературно матине специјална жири комисија составена од писатели за деца и млади, ги избра најдобрите творби на учениците кои што учествуваа на конкурсот што го организираше Општина Илинден.

Авторите на најдобрите три песни од секое училиште беа наградени со посебни признанија што им ги додели градоначалникот Жика Стојановски, а признанија добија и наставниците-ментори на наградените ученици.

За учество на Литературната манифестација „Илинден 2018“ градоначалникот Стојановски посебни признанија им врачи и на писателите за деца и млади што учествуваа на Литературното матине за деца.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013