Prijavi problem

Се одржа традиционалната рекреативна велосипедска трка во должина од 5 километри

Објавено на: 27.07.2015 - 08:29

Како вовед во професионалната велосипедска трка „Трофеј Илинден 2015“, во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2015“ што се организира по повод Денот на Општината „Илинден 2-ри Август“, традиционално, како и во изминатите години се одржа рекреативна велосипедска трка во должина од 5 километри, што се возеше низ улиците на Општина Илинден.

Стотици велосипедисти од сите возрасти, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски, се најдоа на стартот пред Спортската сала „Гоце Делчев“. Иако станува збор за рекреативна трка, помладите учесници покажаа солидна брзина, така што многу брзо можеме да очекуваме голем дел од нив да се најдат дури и во професионалниот дел на „Трофеј Илинден“, што многу ќе значи за развојот на овој спорт во Општина Илинден.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013