Prijavi problem

Се одржа традиционалната 12-та по ред Априлијада

Објавено на: 31.03.2017 - 12:14

Во спортската сала “Гоце Делчев“ се одржа традиционалната 12-та по ред Априлијада. Со разновидни маски, песни и весел детски џагор учениците од основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“ и „Ристо Крле“, како и дечињата од градинката „Гоце Делчев“ го одбележаа Светскиот ден на шегата 1-ви Април.

И овој пат не изостана бујната детска фантазија во креирањето на маските. Во спортската сала „Гоце Делчев“ буквално оживеаја бројни ликови од детските приказни, од бајките, јунаци од стриповите. Спајдермени и бетмени, принцези, невести, црвенкапи и вештерки, полицајци и војници, лекари, пекари, пирати, возачи на формула 1, кловнови, шеици, вампири...

Веселата атмосфера во Спортската сала ја збогати Мини Маус и магионичарот Алекс, измамувајќи бројни аплаузи.

Традиционално Општина Илинден ги награди најзабавната, најкреативната и најсмешната маска од секое училиште и детската градинка.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013