Prijavi problem

Се одигра ревијален фудбалски натпревар меѓу екипите на Кадино и Пелистер

Објавено на: 29.07.2019 - 16:40

Во ревијален фудбалски натпревар што се одржа на фудбалскиот терен во Марино силите ги одмерија новиот второлигаш Кадино и екипата на екс прволигашот Пелистер од Битола. Мечот што заврши со нерешен резултат 1:1 беше дел од Спортскиот викенд организиран по повод одбележувањето на Денот на Општина „Илинден 2-ри Август“.

Иако стануваше збор за пријателски натпревар двете екипи покажаа квалитетен фудбал кој изобилуваше со многубројни фудбалски надмудрувања. За прекрасниот фудбалски амбиент придонесе многубројната публика која до последно место ги исполни трибините на стадионот во Марино. Бројните аплаузи беа мотив повеќе фудбалерите и на овој пријателски натпревар да го дадат својот максимум.

Како покровител на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, на двете екипи им додели плакети за учество на оваа голема спортска манифестација. Посебна плакета за поддршка во организирањето на Спортскиот викенд „Илинден 2019“ градоначалникот Стојановски и додели и на Фудбалската федерација.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013