Prijavi problem

Се одигра првиот фудбалски натпревар на новоизграденото игралиште со вештачка трева во Кадино

Објавено на: 25.07.2017 - 10:02

Во рамките на 9. по ред Спортски викенд „Илинден 2017“, што се реализираше по повод одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, во населено место Кадино беше одигран првиот фудбалски натпревар на новоизграденото фудбалско игралиште со вештачка трева.

Првиот удар на натпреварот меѓу две фудбалски екипи од Кадино имаше чест да го изведе градоначалниот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Игралиштето располага со соодветно осветлување, така што во овие топли летни денови честа глетка ќе бидат ноќните натпревари.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013