Prijavi problem

Рехабилитација на локален пат Дељадровци-Манастирски комплекс Св. Ѓорѓија

Објавено на: 27.06.2014 - 08:59

Отпочна асфалтирање на локалниот пат Дељадровци –Манастирски комплекс Св. Ѓорѓија. Локалниот пат Дељадровци-Манастирски комплекс Св. Ѓорѓијај е дел од локалната патна мрежа на Општина Илинден.

Истиот го поврзува населеното место Дељадровци со Манастирскиот комплекс Св. Ѓорѓија. Предметниот локален пат во постојна состојба е реализиран со ширина на коловоз(асфалт) од 3.50 метри и банкини од 2 x 0.75 метри до последните постојни објекти од н.м.Дељадровци до каде продолжува до подвозникот со автопатот Е 75. Должината на овој дел предвиден за реконструкција е околу  700 метри и  ширина 5 метри.

Одводнувањето на атмосферските води  е овозможено со надолжните и попречните наклони на коловозот со странично испушање (во одводни канавки).

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013