Prijavi problem

Првачињата станаа членови на Детската организација

Објавено на: 07.10.2016 - 13:00

Со давање на свечена заклетва првачињата од основните училишта од Општина Илинден станаа членови на Детската организација. Оваа прекрасна манифестација се одржа во рамките на одбележувањето на „Детската недела“, под мотото „Детски права во свет без предрасуди“, при што во нивна чест поголемите другарчиња приредија пригодна културно-уметничка програма.

За време на свеченоста првачињата се запознаа со Детската организација, нејзиното значење, детските права и одговорностите кон училиштето.

Во учебната 2016-2017 година во трите централни и петте подрачни основни училишта во Општина Илинден, во училишните клупи за прв пат седнаа 210 првоодделенци.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013