Prijavi problem

Промовирана книгата „Мартин Крпан-дипломат и воин“ од проф. д-р Милан Јазбец

Објавено на: 17.05.2019 - 16:27

Во Домот на култура „Илинден“, во рамките на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“, беше промовирана книгата „Мартин Крпан-дипломат и воин“ од проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во нашата земја.

За авторот и значењето на оваа книга која што е објавена на македонски, албански и руски јазик промотивна реч одржа проф. д-р Кристина Николовска, а извадоци од книгата читаше Сузана Тодоровска.

Во своето обраќање пред присутните Николовска истакна дека проф. д-р Милан Јазбец е пријател на народите и културите.

-Тој не учи како да си подадеме рака еден кон друг преку мудрост, но како пред се да си подадеме рака себе си како индивидуи, но и како култура. Културната мисија на Милан Јазбец е мисија за респект, за пример, за јавно признание кое го заслужува. Тој е дипломат на доброто, во креацијата е врвен дипломат, сосема скромен, пристапен, пред се човек со кој ќе се чувствувате пријатно, опуштено, природно и човечки, истакна Николовска завршувајќи со зборовите дека ова е една од најубавите и најдобрите книги што ги знае.

За тоа како настана ова дело кое предизвика голем интерес, на присутните им се обрати и авторот, проф. д-р Милан јазбец.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Граѓаните на општина Илилнден активно вклучени во креирањето на буџетот за 2020 година
ilinden.gov.mk © 2013