Prijavi problem

Промовиран романот „Венецијанска бајка“ на Марко Павловски, од Хрватска

Објавено на: 18.05.2019 - 17:29

Јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден“ беше збогатена со промоција на романот „Венецијанска бајка“ на младиот автор од Хрватска, Марко Павловски, што се одржа во Домот на култура „Илинден“.

Романот го промовираше проф. д-р Венко Андоновски, кој уште на почетокот истакна дека за него била чест да преведе еден ваков роман, кој го фасцинирал по неговата едноставност, бидејќи станува збор за бајка која, како што рече, по првото читање за него како литературен критичар и писател покажала многу стапици.

Тој посебно истакна дека станува збор за поет кој очигледно многу млад достигнува природна зрелост на која можат да му позавидат многу повозрасни и поускусни и хрватски и македонски колеги.

- Во првиот момент кога го видов ракописот на хрватски и го видов неговиот обем, јас мислев дека најверојатно станува збор за некоја форма на минималистички пристап кон прозата. Дури откако го прочитав ракописот сфатив дека е точно она старо тврдење дека кога ќе ја видите книгата во обем вие фактички гледате илузија. Постојат книги кои се далеку потенки од оваа, како „Странецот“ на Алберт Ками, а всушност во вашата глава се претвораат во книги кои имаат повеќе илјадници страници.

Она што сакам да го кажам е дека оваа книга воопшто не тежи 200-250 грама туку многу повеќе затоа што е високо компримирана проза со висок стилски дострел, истакна во своето обраќање до присутните проф. д-р Венко Андоновски.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013