Prijavi problem

Промовиран романот „Совршен странец“ на Ивана Наскова

Објавено на: 16.05.2018 - 13:14

Во рамките на промоции на книги на млади автори, како составен дел на 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“, во домот на култура „Илинден“ беше промовирана книгата „Совршен странец“, на писателката Ивана Наскова.

Ова е прв роман на младата авторка во кој станува збор за љубовна приказна наменета за модерни, силни, храбри и независни девојки.

За време на промоцијата Наскова не беше поштедена од многубројни прашања од страна на присутните помлади вљубеници во пишаниот збор, од тоа како ја добила инспирацијата за овој роман, до тоа како некој може да отпечати своја книга. Се чекаше и ред за нејзин автограм, како и заедничка фотографија со која ќе го овековечат овој настан.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013