Prijavi problem

Промоција на книгата „Сончев дворец“ на Перо Миленковски

Објавено на: 18.05.2018 - 09:04

Во домот на култура „Марино“, во рамките на 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“ беше промовирана најновата стихозбирка „Сончев дворец“, на истакнатиот македонски писател за деца и млади Перо Миленковски.

Промотор на книгата беше најчитаниот македонски автор за деца и тинејџери Горјан Петревски, кој само на нему својствен начин, на воодушевување на големиот број млади читатели, го претстави авторот и неговото најново дело, а извадоци од книгата читаа ученици од основните училишта од општина Илинден.

На присутните им се обрати и авторот Перо Миленковски, а  младите љубители на пишаниот збор ја искористија средбата  да постават повеќе прашања со цел да дознаат што повеќе за животот и творештвото на овој писател.

Со оглед на тоа што Перо Миленковски долги години беше уредник на детскиот додаток „Колибри“ во дневниот весник „Нова Македонија“, токму на промоцијата на неговата стихозбирка „Сончев дворец“, на која присуствуваа и претставници од редакцијата на „Колибри“, почна одбележувањето на 60-ет годишнината од постоењето на овој додаток во весникот, кој беше редовно и омилено четиво за многу генерации.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА „ИЛИНДЕН 2018“
ilinden.gov.mk © 2013