Prijavi problem

Проектот „Со зеленило против загадувањето“ успешно реализиран

Објавено на: 31.03.2017 - 12:33

„Со зеленило против загадувањето“ - Проект во областа на заштитата на животната средина што се одвиваше во текот на месец март, е успешно реализиран - озеленети се 20 локации, на површина од 60.000м² и засадени 1000 листопадни и зимзелени садници.

Локалната самоуправа како носител на овој проект искажува голема благодарност до сите оние што земаа активно учество, и го поддржаа овој голем еколошки проект, со што се даде значаен придонес во заштитата на животната средина и обезбедувањето на почист воздух.

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Како дел од своите стратешки определби, Општина Илинден продолжува со континуирани активности што директно влијаат на подобрувањето и заштитата на животната средина.

Грижата за животната средина е обврска на секој од нас, па во таа насока  одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013