Prijavi problem

Предадена во употреба фабриката „VPTEX Македонија“ и новата економска улица

Објавено на: 16.10.2013 - 17:09

Во економската зона Марино-Кадино на свечен начин беше предадена во употреба фабриката за производство на работна и заштитна облека „VPTEX Македонија“, на холандската компанија Van Puijenbroek Textiel. На свеченоста меѓу другите присуствуваа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, холандската амбасадорка Мариет Шурман, членовите на семејството на Ван Пајнброк, директорите на Ван Пајнброк Текстил  Хјуб Зехвелд и Роб Кваспен, пратениците во Собранието на Р.Македонија Владимир Ѓорчев и Милорад Додевски и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Холандската компанија својата инвестиција вредна два милионa евра во Македонија почна да ја реализира во септември 2012 година кога беше поставен камен-темелникот. Новата фабрика во моментов има 50 вработени, а нивниот број ќе биде зголемен на сто од 1 ноември со воведување втора производствена линија. Во  првиот квартал на 2014 година ќе следува и трета линија.

Обраќајки им се на присутните градоначалникот Стојановски истакна дека е радосен што „VPTEX Македонија“ е  директна Холандска инвестиција. 

-Една ваква директна странска инвестиција знаеме дека ќе донесе нови технологии, ќе усвои нови практики, ќе пренесе многу знаење, отворање на нови работни места, а со тоа и решавање на егзистенцијалните прашања на повеќе семејства од нашата општина и регионот, рече градоначалникот Стојановски.

Истовремено со предавањето во употреба на новата фабрика беше пуштена и новата економска улица во економската зона Марино-Кадино. Станува збор за улица со должина од  500 и широчина од 10 метри, со тротоари од двете страни на улицата. Со изградба на Економската улица се креваат нормите, вредностите и стандардите на работењето во областа на инфраструктурата. Оваа улица е од големо значење за локалниот економски развој и за сите стопански капацитети што се градат, или почнуваат со градба  во  оваа економска зона.

 Благодарејќи на вложувањата во инфраструктурата изминатите години Општина Илинден стана успешна инвеститорска дестинација што се наоѓа на сите бизнис мапи во регионот и пошироко.                     

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013