Prijavi problem

Поетски митинг „Стихови за душата“

Објавено на: 16.05.2014 - 17:31

Со Поетскиот митинг „Стихови за душата“ што се одржа во Домот на култура „Илинден“, на најубав можен начин беше заокружена јубилејната 15-та Литературна манифестација „Илинден“ 2014. Љубителите на пишаниот збор во Општина Илинден имаа ретка можност да присуствуваат на настап на дваесетина писатели од земјата и од странство и да уживаат во нивните стихови.

На сцената на Домот на култура „Илинден“, меѓу другите се претставија гостите од странство Владимир Луков и Димитар Христов од Бугарија, Рита Куздер од Унгарија, Ана Багреана од Украина, Љерка Тот Наумова од Хрватска, а како поет се претстави и амбасадор на Унгарија во нашата земја, Јожев Бенце, потоа домашните автори Иван Чаповски, Бранко Цветковски, Борче Панов, Герги Барбаровски...

На поетскиот митинг што го отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, признанија им беа доделени на сите учесници во манифестацијата.

Посебни признанија за афирмација на културниот развој на Општина Илинден им беа доделени на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, на писателот Раде Силјан, на поранешниот градоначалник на Општина Илинден, Чедомир Ристевски, како и на семејството на прерано починатиот поет од Општина Илинден, Драган Крушкаровски, во чија чест пред 15-ет години е зачната Литературната манифестација „Илинден“.   

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013