Prijavi problem

Подарок книга во чест на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден“

Објавено на: 19.05.2019 - 09:17

 

Дел од граѓаните на Општина Илинден кои деновиве пазаруваа во маркетите, во кошничката со купените прехранбени производи на подарок добија книга. Дарувањето книги е во чест на 20-та јубилејна Литературна манифестација „Илинден“, со цел пишаниот збор да се доближи збор до што поголем број граѓани, a во насока на интензивирање и промовирање на современите културни достигнувања.

Во акцијата се вклучија и неколкумина реномирани македонски писатели како Раде Силјан, Паскал Гилевски, Блаже Миневски, кои во друштво на градоначалникот Жика Стојановски во неколку маркети на граѓаните им подаруваа дел од нивните авторски книги.

 

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013