Prijavi problem

Партиципативно учество на граѓаните во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2018 година

Објавено на: 15.11.2017 - 11:58

Во рамките на дефинирањето на Предлог-Буџетот на Општина Илинден за 2018 година, а со цел поголема транспарентност и партиципативно граѓанско учество во процесот на буџетирање, се одржаа работни буџетски форуми.

На форумите на кои учествуваа голем број граѓани, членови на месните заедници, претставници од бизнис секторот, претставници на здруженијата на граѓани, членови на Советот на Општината, како и општинската јавна администрација, беа посочени повеќе приоритетни предлог-проекти и активности за реализација во 2018 година.

Најголем дел од приоритетните проекти на овие форуми на кои активно се вклучи и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, се од областа на патната и комуналната инфраструктура, изградба на фекална канализација со пречистителни станици, зафаќањето и одведувањето на атмосферските води, чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Дел од предложените проекти од гаѓаните, кои во најголем број се поклопуваат со проектите дефинирани во Стратешкиот план за локален економски развој на општина Илинден, беа проекти за кои се потребни мали финаснски средства и можат да се реализираат во краток временски рок, но беа посочени и проекти за кои е потребен подолг период за нивна реалзиација.

До крајот на годината предвидено е одржување на завршен Буџетски форум на кој ќе биде презентиран Нацрт-Буџетот за 2018 година на општина Илинден, во кој ќе бидат вметнати приоритетните проекти од сите населени места.

Со реализацијата на овие форуми, а во рамките на транспарентноста во креирањето на Буџетот за следната година, Општина Илинден им излегува во пресрет на барањата и потребите на граѓаните, со единствена цел рамномерен развој на сите населени места  и овозможување на квалитетни услови за живеење.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013