Prijavi problem

Отворена ликовна изложба „Бесконечност”, на Анка Колева

Објавено на: 05.06.2019 - 18:57

Со наслов „Бесконечност“, во Домот на култура „Илинден“ отворена е ликовна изложба на Анка Колева- Анче. За содржината на изложбата, како и за творештвото на авторката пригоден збор одржа Љубен Пауновски.

На изложбата која ќе биде отворена до 12 јуни, љубителите на уметноста можат да видат 31 дело направени во техника масло на платно.

Анка Колева-Анче е дипломирана професорка по историја, поетеса, но и самоука сликарка. Досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби. Повеќепати учествувала на ликовната колонија во Струга, автор е на стихозбирката „Поток бои“ и е учесник на голем број хуманитарни манифестации.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013