Prijavi problem

Отворена изложбата „Уметниците и Велигден” на Климе Коробар

Објавено на: 06.04.2017 - 08:04

Во домот на култура „Илинден” по повод претстојниот голем христијански празник Христовото Воскресение-Велигден, отворена е изложбата „Религијата и уметноста”, подготвена од Климе Коробар.

Љубителите на уметноста имаат можност да видат над 100 дела на повеќемина уметници меѓу кои Васко Ташковски, Мирослав Масин, Владимир Георгиевски, Новица Трајковски, Данчо Ордев, Микица Тројкановиќ, Ѓото Чулаковски и други. Секоја творба е придружена со филателистички знак, со поштенски марки издадени од Македонска пошта, на тема Велигден.

Со пригоден збор за изложбата на присутните им се обратија писателот Ефтим Клетников и академскиот сликар Новица Трајковски, а за значењето на изложените дела зборуваше и организаторот Климе Коробар.

Изложбата ќе биде отворена за посетители  до 17-ти април.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Отчет 2013-2017
ilinden.gov.mk © 2013