Prijavi problem

Отворена изложбата „Убава е Македонија“ на академскиот сликар Новица Трајковски

Објавено на: 01.06.2017 - 13:07

Пред поголем број љубители на уметноста, во Домот на култура „Илинден“, беше отворена изложбата „Убава е Македонија“ на академскиот сликар Новица Трајковски. За значењето на изложбата и творештвото на авторот кој потекнува, а и денес живее во Општина Илинден на присутните им се обрати Љубен Пауновски.

Тој посебно истакна дека сликарството на Новица Трајковски е афтобиографска исповед на стварното во егзистенцијалниот пат на уметникот. Затоа, како што рече тој,  неговото сликарство е средба на реалноста и соништата кои уметникот ги доживеал.

На изложбата, Трајковски кој зад себе има реализирано над 40 самостојни изложби во Македонија и надвор од државата, се претставува со 30-на негови нови дела, кои го предизвикаа интересот на присутните.

Новица Трајковски е член на ДЛУМ, а досега има учествувано на голем број групни изложби и колонии. Познат е по тоа што слика во циклуси и тематски серии, какви што се досега афирмираните циклуси „Меѓу сонот и јавето“, „Од очите на ангелот“, „Будење“, „Патници“, „Пат“, „Извор“ и „Љубов“.

Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ изложбата ќе биде поставена до месец август, годинава, што е убава можност да ја видат што поголем број вљубеници во уметноста.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013