Prijavi problem

Отворена изложбата „Илинден со пријателите“

Објавено на: 22.12.2017 - 09:50

Пред поголем број љубители на уметноста во Домот на култура „Илинден” отворена е изложба со наслов „Илинден со пријателите“. Честа да ја отвори изложбата ја имаше градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, а за авторите и нивните дела пригоден збор одржа писателот Ефтим Клетников.

На изложбата се претставени над 40-на дела од сликари кои веќе имале изложби во Домот на култура „Илинден“, како Васко Ташковски, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Стефан Хаџиниколов, Петар Попчев, Климе Коробар, Владимир Темков, Литов Ли, Андријана Мациев, Наташа Нара Радосављевиќ, Иван Вања Милановиќ, Ристо Андреев и Катерина Трајковска.

На сите учесници на изложбата градоначалникот Стојановски им додели посебни благодарници за особен придонес во развојот на културата и културните вредности на општина Илинден.

Изложбата ќе биде отворена до 24 декември.

 

ГАЛЕРИЈА на изложбата ТУКА

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013