Prijavi problem

Отворена изложба на уметниците од Општина Илинден, во Домот на култура „Марино“

Објавено на: 29.05.2017 - 12:43

Во галеријата на новоизградениот Дом на култура „Марино“, во присуство на поголем број љубители на уметноста, отворена е изложба на дела на уметниците од Општина Илинден.

Изложбата ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски кој посебно го истакна огромното значење на ваквите настани, пред се во промоцијата на младите уметници во Општина Илинден.

На оваа втора изложба на уметниците од Општина Илинден, независно дали професионално или, аматерски се занимаваат со уметност, (првата се одржа минатата година во Домот на култура „Илинден“) со свои дела се претставија уметниците Блаже Донев, Славе Кочовски, Зоран Трпевски, Ненад Божиновски, Аце Ѓорѓиевски, Снежана Колевска, Виолета Јовановска, Елена Илиевска, Виолета Арсовска, Марјан Ристовски и Новица Трајковски.

Повод за организирање на оваа оригинална изложба која веќе станува традиција е анимирање на сите оние што се занимаваат, но и на оние што сакаат да се занимаваат со уметност, со сликарството, со скулптура, копаничарство... Со организацијата на вакви настани, се дава значаен придонес во развојот на културата во Општина Илинден.

Оваа прва изложба во галеријата на новоизградениот Дом на култура „Марино“,  ќе биде отворена до средината на месец јуни, 2017 година.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013