Prijavi problem

Отворена изложба на Снежана Колевска по повод Денот на Општина Илинден

Објавено на: 26.07.2019 - 14:08

Како дел од одбележувањето на Денот на Општината, „Илинден 2-ри Август“, во Домот на култура „Илинден“ беше отворена изложба на слики на Снежана Колевска.

Изложбата ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски, а со пригодни зборови за авторката и нејзиното творештво на присутните им се оратти Наталија Колевска.

Љубителите на изложбата имаат можност да видат 30-на дела масло на платно во различни формати.

Колевска со нејзиниот препознатлив стил учествува на бројни групни изложби во Општина Илинден. Реализација на оваа изложба е резултат на нејзиното учество во последната групна изложба на уметниците од Општина Илинден каде што како автор на најдоброто дело наградена е со самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013