Prijavi problem

Отворена изложба на словенечката сликарка Аленка Герлович

Објавено на: 10.07.2019 - 09:43

Во организација на Словенечката амбасада во нашата земја и Општина Илинден, во „Домот на култура „Илинден“ беше отворена изложба на словенечката сликарка Аленка Герлович. Повод за поставување на изложбата е стогодишнината од раѓањето на оваа позната словенечка сликарка.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски кој ја искористи можноста да искаже искрена благодарност од негово име и од името на граѓаните на Општина Илинден до амбасадата на Република Словенија во нашата земја, како и до словенечкиот амбасадор проф. д-р Милан Јазбец за несебичната поддршка во повеќе области, чиј плод е и реализацијата на оваа изложба.

Аленка Герлович е по потекло од Општина Брежице, општина со која Општина Илинден започна соработка во повеќе области, па така, како што истакна градоначалникот Стојановски, се отвора можност и за афирмација на младите уметниците од Општина Илинден надвор од границите на нашата држава.

Со пригодни зборови за творештвото на Аленка Герлович која голем дел од нејзиното творештво го создаде во нашата земја каде што го сликаше пејзажот, а пред се луѓето што ги среќаваше, на присутните љубители на уметноста им се обрати амбасадорот на Словенија во нашата земја, проф. д-р Милан Јазбец.

Изложбата на која се претставени 20-на дела ќе биде отворена до 20-ти јули, годинава.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013