Prijavi problem

Oсмомартовски концерт за паметење во Домот на култура „Илинден“

Објавено на: 08.03.2013 - 11:24

По повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март,  Општина Илинден организираше фолклорен концерт што се одржа во Домот на култура „Илинден“. Со звуците на кавалот и тапанот, во колоритни народни носии, членовите на Ансамблот за народни песни и ора „Илинден 72“ на припадничките од понежниот пол им го честитаа празникот 8 Март.

Бурните аплаузи и воодушевување од публиката беше награда за прекрасните сценски изведби на играорците и солистите на овој концерт за паметење.  

Во преполната сала во Домот на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски со цвет и 8-мартовска чеситка на сите жени им посака среќен празник.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013