Prijavi problem

ООУ „Ристо Крле“ го одбележа патрониот празник

Објавено на: 04.11.2016 - 15:00

Учениците од ООУ „Ристо Крле“, од н.м. Кадино и подрачните училишта во н.м. Мралино и н.м. Бунарџик, со богата приредба под мотото „За сите деца“, на свечен начин го одбележаа 37 патронен празник на училиштето.

Рецитали, драмски точки, ритмички вежби, фолклор, хорска изведба беа само дел од богатата културно-забавна програма што учениците од ова училиште им ја приредија на своите родители, наставници, гости, меѓу кои беше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

За прекрасно изведените точки учениците беа наградувани со бурни аплаузи од присутните во преполната училишна спортска сала.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013