Prijavi problem

ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Објавено на: 25.10.2013 - 09:13

Во Средното стручно училиште „Илинден“, во Општина Илинден, се одржа четвртата форумска сесија во рамките на програмата Форуми во заедницата.

На четвртата форумска сесија учествуваа околу 150 граѓани од 12 населени места. На работилницата беа презентирани 7 концепти за проекти предложени од страна на работните групи. Меѓу присутните гости беа градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, претставниците на Швајцарската агенција за обнова и развој и центарот за одржлив развој „Алка“. Членовите на работните групи за четвртата сесија изработија предлог проекти и презентации со кои ги прикажаа приоритетните проекти за реализација :

- Зимско одржување на улици и патишта- Набавка на возило

- Изградба на пешачка патека на ул.532 (Марино-Кадино

- Пешачка и велосипедска патека комплекс Манастир

- Затворен базен

- Набавка на возило за собирање и транспорт на комунален отпад

- Селектирање на отпад и набавка на контејнери

- Обележување и осветлување на улици

Предлог проектите беа прифатени од страна на присутните граѓани на сесијата и за нив на следната петта форумска сесија работните групи ќе можат да гласаат. Во своето обраќање градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски им се заблагодари на присутните граѓани за присуството во досегашните сесии и истакна дека е среќен што еден од овие проекти ќе се реализира преку овој проект, а останатите ќе бидат препорака за следни приоритетни проекти кои ќе ги реализира Општина Илинден.

Инаку, проектите ќе се финансираат од добиениот грант од Швајцарската агенција за развој и соработка во износ од 2.400.000,00 денари, и 2.400.000,00 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013