Prijavi problem

Одржан Форум за Локален економски развој на Општина Илинден

Објавено на: 20.06.2013 - 21:39

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа работен состанок на Форумот за Локален економски развој на Општина Илинден во кој учество земаа над 100 стопанственици од општината. На дневниот ред на овогодинешниот форум се најдоа неколку точки меѓу кои :

  • реализираните акциони чекори и активности од Стратешкиот План за Локален Економски развој на Општина Илинден,
  • правците и стратешките области на развој за периодот 2012-2016 година, како и
  • корпоративната општествена одговорност на бизнис секторот во функција на Локалниот Економски развој и унапредување на локалната заедница

 

Присутните гости преку презентации се запознаа со сите реализирани капитални проекти, како и областите на развој за наредниот период.

Свое обраќање на Форумот имаше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски кој зборуваше за корпоративната општествена одговорност на бизнис секторот. Тој им се заблагодари на сите чинители кои дале свој придонес за развојот на Општина Илинден, како и во подобрување на условите и квалитетот на живеење. Свое обраќање во делот на општествена одговорност имаше и   Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.  кој повика претставниците на бизнис секторот уште еднаш да ја покажат својата општестева одговорност и со заеднички сили да се изгради црквата св.Константин и Елена во населба Илинден.

За досегашната успешна соработка со Општина Илинден свое обраќање имаше и пратеникот Милорад Додевски, како и претставниците од бизнис семејството на Општината, меѓу кои директорот на Чеза Комерц, Симеон Павлов и претставникот од американската компанија Џонсон Контролс, Илија Мукаетов. 

Форумот за Локален економски развој е формиран во 2005 година, по што беше изработен Стратешкиот план за локален економски развој на Општина Илинден 2006-2011 година, а зацртаните чекори во овој Акционен план беа реализирани со процент од 91 отсто успешност, што придонесе за брз локален економски развој на Општината и нејзино прераснување во една од  водечките општини по број на инвестиции во Република Македонија.

 

 

jas bi sakala ako moze da

jas bi sakala ako moze da dobijam i video od vasiot dom na kultura i nekoj nasatani,za da gi prilozam vasite videa na televizija....

Почитувана, посетете го

Почитувана,

посетете го нашиот официјален Јутјубе канал! https://www.youtube.com/user/IlindenOpshtina

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН ОПШТИНА ИЛИНДЕН
ilinden.gov.mk © 2013