Prijavi problem

Одбележани 16-ет години од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Објавено на: 28.04.2017 - 21:07

Општина Илинден со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, ја одбележа 16-ет годишнината од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Свежо цвеќе положија членовите на семејството на Роберт Петковски, претставниците на Општина Илинден предводени од градоначалникот Жика Стојановски, припадниците на специјалната единица „Волци“, претставници на месната заедница и жители на н.м.Бунарџик.

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, на фудбалското игралиште во Бунарџик, се одржа меморијален натпревар меѓу екипата на „Бунарџик“ и екипата на припадниците на единицата „Волци“.

 

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Водици 2017 во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013