Prijavi problem

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“

Објавено на: 03.05.2019 - 13:26

Уениците од ООУ „Гоце Делчев“ на само ним својствен начин и годинава го одбележаа патронатот на училиштето и 116. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Традиционално одбележувањето на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на македонскиот великан Гоце Делчев. Во име на Општина Илинден цвеќе положи делегација предводена од градоначалникот Жика Стојановски, а веднаш по ова следуваше настап на училишниот оркестар, како и рецитал каде што со свои творби се претставија повеќемина ученици.

И оваа година како и во изминатите неколку години изостана класичната приредба, а на нејзино место музички игри, натпревар во одбојка, натпревар во спелување “spelling bee”... Во преполниот училишен двор исполнет со детски џагор пресреќните второодделенци го играа „Танцот на цвеќињата, третоодделенците чешкиот народен танц „Полка“, оние од четврто одделение го „виеја“ „Волшебното оро“, а петтооделенците се претставија со „Играјте деца“ од Златно славејче 2017 година.

А, во училниците бројни активности, Работилница по повод  Денот на македонската азбука, историски час за местото и улогата на Гоце Делчев во македонската историја, проекциja на играниот филм „Република во пламен“, ораторство на тема „Гоце Делчев – мост меѓу минатото и денес“, ликовна мини-изложба од изработки од ученици, час по компјутери-Основи на програмирање со Micro:bit уред, подготовка на учесниците во проектот „Мост на пријателство „Илинден – Решетари“, како и ред други активности.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Инвестициските патишта водат кон општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013