Prijavi problem

Незаборавен концерт на средношколскиот бенд од Општина Илинден

Објавено на: 01.07.2019 - 12:09

 

Во прекрасниот амбиент на амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“, се одржа концерт на училишниот бенд од Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Младите музичари, во преполниот амфитеатар изведоа повеќе преработки на незаборавните песни како „Не кани ме“, „Голем мерак имам бабо“, „Јовано Јованке“, „Абер дојде Донке“, „Лено мори“ и многу други нумери од богатата ризница македонски песни, кои ја кренаа публиката на нозе. Голем придонес за ова имаше екотот на тапаните, како и тоновите на кавалот на кои никој не можеше да остане рамнодушен.

Концертот беше заокружен со нумера од групата „Меморија“, со која младите музичари настапија на овогодинешните музички натпревари на средните училишта.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Заврши литературната манифестација Илинден 2019
ilinden.gov.mk © 2013