Prijavi problem

Натпревар во „Брзо пиење на кригла точено пиво“

Објавено на: 22.07.2018 - 10:10

 

Во рамките на неофицијалниот дел од Спортскиот викенд „Илинден 2018“ се одржа традиционалниот натпревар во „Брзо пиење на кригла точено пиво“. На натпреварот организиран во соработка со Скопска Пивара учествуваа десетмина  „пивопијци“, а за прв пат годинава имаше двајца победници. Бобан Јосифовски и Гине Стојановски, се покажаа подеднакво добри во брзото пиење пиво и го поделија првото место.

За цело време на натпреварот „пивопијците“ беа бурно бодрени од многубројната публика, која покрај присуството на бројни спортски настани имаше можност да се забавува и на ваков начин.

Во рамките на Спортскиот викенд, што се одржува по повод  одбележувањето на Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, натпреварот во „Брзо пиење на кригла точено пиво“ годинава се одржа по четврти пат.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Свечено одбележан Денот на општина Илинден "Илинден 2-ри Август“
ilinden.gov.mk © 2013