Prijavi problem

Најмладите се сретнаа со писателот Велко Неделковски, во рамките на Литературната манифестација „Илинден 2015“

Објавено на: 13.05.2015 - 16:54

Најмладите вљубеници во пишаниот збор во Општина Илинден имаа ретка можност, во рамките на Литературната манифестација „Илинден 2015“, во Домот на култура „Илинден“, да се сретнат со писателот Велко Неделковски. За творештвото на Велко Неделковски и за романот на годината „Живакал“, зборуваше Роберт Богдановски, преставник  од издавачката куќа Матица .

Голем број деца и млади присутни во домот на култура „Илинден“ со почит и внимание го следеа претставувањето на нивниот омилен писател. Слушајќи ги неговите извадоци од повеќе раскази и романи, не можејќи да го скријат својот восхит и задоволство, честопати го прекинуваа со бурни аплаузи.

Не помалку интересни беа многубројните прашања со кои буквално го опсипаа писателот, сакајќи да ја задоволат нивната љубопитност, од тоа како авторот решил да стане писател, кој му е најомилен роман, од каде ги црпи инспирациите за пишување итн. Посебно интересно е тоа што буквално во ред чекаа да земат автограм од својот омилен писател.

Велко Неделковски е македонски раскажувач, романсиер и драмски писател. Роден е на 28 октомври 1946 година во Скопје. Работел во Македонската телевизија како драматург и сценарист, а член на ДПМ е од 1980 година. Добитник е на наградата на РТВ Скопје на СВП за најдобра книга за деца, наградата за најдобра детска книга на Струшките Вечери на поезијата во 1986, година,  наградата “Феникс” на град Скопје, за постигнувања во книжевноста. Исто така, добитник е и на наградата за животно дело од Македонската Радио-Телевизија, како и на Специјална повелба од „Детска радост”.

Голем дел од своето литературно творештво им го посвети токму на децата. Важи за мошне плоден автор, чии дела со својата содржина и со стилските особености им се мошне блиски на најмладите.

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013