Prijavi problem

Наградени најдобрите творби на тема „Училишта без насилство“

Објавено на: 20.02.2013 - 15:14

Одбележувајќи го Месецот на борба против насилството, основните училишта од подрачјето на Општина Илинден, под покровителство на Општината, распишаа конкурс за најдобра литературна творба на тема „Училишта без насилство“.

По тој повод во Домот на култура „Илинден“, се изврши прогласување на најдобрите творби, при што на авторите им беа доделени пригодни награди и признанија. Преполната сала и силните аплаузи по литературните читања на најуспешните творби беа мотив повеќе учениците да продолжат и во идина да другаруваат со убавиот пишан збор.  На крајот од манифестацијата се одржа кино проекција, при што беше прикажан филмот „Неми сведоци“, преку кој се пренесе пораката да не се премолчува насилството во училиштата.  

На конкурсот што се организира втора година по ред учествуваа повеќе од 200 ученици од одделенска и предметна настава од основните училишта од Општина Илинден.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013