Prijavi problem

Малите коледарчиња го најавија Божик

Објавено на: 06.01.2017 - 15:47

Пеејќи ја христијанската коледарска песна „Вечниот Бог“ и носејќи макета на Витлеемската пештера која ја симболизира пештерата во која се родил Исус Христос, малите коледарчиња од Општина Илинден го најавија славењето на Бадник и Божик.

Во Домот на култура „Илинден“  коледарчињата кои се симбол на ангелите и ја носат веста за Христовото раѓање, традиционално беа пречекани од градоначалникот на Општина Илинден, Жиа Стојановски

Во знак на благодарност за убавата вест и негувањето на традицијата, на првите гласници на празникот, посакувајќи им среќни празници градоначалникот Стојановски им подари костени, портокали, јаболчиња, бонбони...

Оваа прекрасна манифестација се одржува веќе 5-та година по ред со што  стана традиција и составен дел од одбележувањето на Божик во Општина Илинден.

Бадник е последниот ден од шестнеделниот пост со кој верниците се подготвуваат достојно да го пречекаат најрадосниот ден, денот на раѓањето на Спасителот на светот и синот Божји Исус Христос.        

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013