Prijavi problem

Кошаркарите на Кадино најдобри на кошаркарскиот турнир

Објавено на: 28.07.2015 - 11:03

Во финалниот натпревар на кошаркарскиот турнир што во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2015“ се одржа на терените на Спортскиот центар во Марино, екипата на Кадино ја совлада екипата на Илинден, освојувајќи го првото место. Во изедначена борба речиси до последниот момент, кошаркарите на Кадино имаа повеќе среќа и умешност да извојуваат тесна победа.

На годинешниот кошаркарски турнир учествуваа 10 екипи, а присутните гледачи имаа можност да присуствуваат на возбудливи кошаркарски надмудрувања.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, како покровител на Спорсткиот викенд „Илинден 2015“,  на најдобрите екипи им додели пригодни награди, пехари и медали.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Со концертот на групата NEXT TIME - одбележан денот на општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013