Prijavi problem

Континуирано подобрување на локалната патна инфраструктура во Општина Илинден

Објавено на: 09.11.2016 - 10:10

Во насока на подобрување на условите за живот и животниот стандард и овозможување на квалитетен живот на граѓаните, Општина Илинден интензивно работи на реализација на капиталниот проект за Подобрувањето на локалната патна инфраструктура, изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, како и Подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси.

Благодарејќи на интензивните градежни активности, особено во минатиот месец, од планираните за оваа година 20 километри, досега се изградени, санирани и рехабилитирани 19 километри локални улици и патишта во сите населени места, што ветува дека до крајот на годината планираното во целост ќе биде реализирано.

Во моментот се работи на изградба на нова, но и на рехабилитација, санација и реконструкција на постојната патна инфраструктура која што се простира во должина од 275 километри на територијата на Општина Илинден.

Во тек е комплетна рехабилитација на локалниот пат Миладиновци-Текија-Дељадровци во должина од 4.000 метри (досега се завршени 2.500 метри), како и рехабилитација на локалниот пат на улица „10“ во н.м. Кадино, во вкупна должина од 1.100 метри (коловозот е асфалтиран, се работри на изградба на тротоари).

Градежната оператива деновиве заврши со санација и асфалтирање на ул. „406“ што води до населбата Јака, во Марино, во должина од 400 метри и санација и асфалтирање на локалниот пат Кадино-Бунарџик, во должина од 700 метри.

Во населено место Мршевци се изврши санација и асфалтирање на 3 улици, на пристапниот пат до црквата, како и на централниот дел на ова населено место во вкупна должина од 1.200 метри.

Во населено место Мралино санирани и асфалтрирани се 3 улици во вкупна должина од 700 метри.

Истовремено, се работи на санација на повеќе локални улици во Марино во должина од 3.000 метри, што беа оштетени при изградбата на фекалната канализација, односно по поставувањето на канализациската мрежа и приклучоците за домаќинствата.

Во рамките на реализацијата на проектот Подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси во локалната економска зона Марино-Кадино изградена и асфалтирана е нова улица „7“, во должина од 220 метри.  Асфалтирана е и новоизградената улица „540“ во должина од 100 метри со тротоари од двете страни на коловозот што води до новоизградениот Дом на култура „Марино“.  

Паралелно со поставувањето на нов асфалт на улиците и локалните патишта се врши и изградба на атмосферска канализација за прифаќање и одведување на атмосферските води, се профилираат отоврените одводни канали покрај коловозите и се поставуваат цевкасти пропусти. Зафаќањето на атмосферските води е уште една од придобивките за поздрава животна средина, но и спречување на оштетувањето на коловозот и тротоарите.

Изградбата, рехабилитацијата, санацијата и реконструкцијата на локалните улици и патишта е од големо значење за локалното население, зашто покрај тоа што се олеснува комуникацијата, значително се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Од друга страна  интензивните инвестиции и вложувања во квалитетна патната инфраструктура придонесуваат за одржлив локален економски и социјален развој и обезбедување на поволни услови за влез на домашни и странски инвестиции.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Спортски викенд „Илинден 2017“
ilinden.gov.mk © 2013